Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и кози

19.11.2026
Насловна слика

Согласно Решението за итна вакцинација на овците и козите против болеста сипаници кај овци и кози, кој е одобрена од Европската унија (ЕУ), во Источнит регион плански регион почна акцијата за масовна заштита на ситниот добиток од оваа болест. Истовремено, денес, 19.11.2026 година, се финализира првата фаза од дистрибуцијата на вакцините против сипаници кај овци и кози, со што се создаваат услови за продолжување на активностите за вакцинација на животните во предвидените подрачја (источен, североисточен, вардарски и југоисточен регион). Вакцината е од турско потекло и целата количина е обезбедена како донација од ЕУ. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ќе се реализира во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни.

Со втората фаза опфатени ќе бидат Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот регион со 1.558 стада и 244.515 животни. Со третата фаза  ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Таа ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во првите 6 недели по породувањето за кои вакцинацијата е одложена. Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација.

Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината.

Вакцинацијата претставува важна мерка за спречување на ширењето на болеста и намалување на ризикот од нејзино понатамошно појавување.

 

Ознаки
Категорија