Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Демант: Секоја јама за нештетно отстранување на угинати/евтаназирани овци и кози веднаш се затрупува и дезинфицира

20.08.2026
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) категорично ја демантира изјавата на претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци “Модерен овчар”, Насер Џемаили, дадена вчера во село Соколарци во општина Чешиново - Облешево, во која истакнува дека од наводно отворена јама за нештетно отстранување на трупови од еутаназирани овци и кози, кучиња разнесувале трупови од угинати и еутаназирани животни. Како институција одговорно тврдиме дека јамата во чија близина вчера, за ТВ М Нет од Штип беше дадена изјавата, ниту во еден случај, не па дваесет дена, не била оставена отворена по нештетното отстранување (затрупување) на угинати или евтаназирани животни во рамки на активностите кои ги презема АХВ за справување со болеста сипаници кај овци и кози.

Напротив, секоја јама од ваков тип, вклучително и оваа во близина на село Соколарци, се затрупуваат веднаш по ставањето на лежевите во нив, без исклучок. Истиот ден се врши нивна дезинфекција и дезинфицирање на опремата и  механизацијата која била користена во активностите за нештетно затрупување на угинатите/евтаназираните овци и кози.

Лешеви од угинати овци и кози на кои алудира Џемаили во изјавата, може и потекнуваат исклучиво од несовесни сточари кои не ги пријавуваат угинатите животни, односно истите ги оставаат на местата каде угинале, претставувајќи сериозна опасност за ширење на болеста сипаници кај овци и кози. Поради ова, АХВ апелира до сточарите доколку има појава на клинички значи кои укажуваат на  сомнеж на болеста сипаници кај овци и кози за тоа веднаш да го информираат надлежното ветеринарно друштво, или официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство.

 

Ознаки
Категорија