Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Работилница за изработка на нова Стратебија за справување со бездомите животни се одржа и во Штип

13.05.2026
Насловна слика

Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарството (АХВ), Факултетот за ветеринарна медицина, Ветеринарна комора, претставник на ЗЕЛС и граѓански организации, вчера во Штип, одржаа работен состанок со единаесетте општини од Источниот плански регион. Целта на состанокот беше согледување на соостојбата со бездомните животни во овој регион во насока на креирање на Стратегија за справување со бездомните животни.

Слика

За осумте плански региони ќе бидат креирани посебни стратегии, од кои потоа ќе се направи Национална стратегија за справување со бездомните животни. Според Тања Ристевска-Оловска, раководител на Секторот за инспекциски надзор во АХВ прво ќе се прави анализа и мапирање на состојбата на терен, по што ќе се изработат насоки и мерки за секој регион поединечно.

Слика

енеска сме во Источниот регион. Учесниците на работилницта и локалните самоуправи ќе добијат насоки како да ги обработат податоците, врз основа на кои ќе се направи детална анализа и ќе се креира Стратегија за тој регион, затоа што секој регион има различни карактеристики. Во сите региони можам да кажам дека е еден генерален проблем-неодговрното сопствеништво. За жал свеста кај сопствениците кои чуваат миленици е многу ниска и како општество секојдневно се соочуваме со напуштање на миленици, најмалу по десет кучиња дневно – вели Ристевска-Оловска.

Професорот на Факултетот за ветеринарна медицина, Влатко Илиевски додаде дека новиот Закон предвидува драконски казни за напуштање миленции, мачење на животни и сл. Според него, важно е да се смени прво перцепцијата во нашето општество.

-Во оваа нова стратегија се обидуваме да применеме нови идникатори, со кои ќе го следиме овој проблем. Перцепцијата е од аспект ние да ги следиме изворите на нови кучиња, заради тоа што цело време зборуваме за безбедна популација, а воопшто не обрнуваме внимание на вкупната популација во државата, особено во општините. Во новата стратегија ќе се обидиме да покажеме некакви мерливи индикатори, кои што во континуитет мора да си следиме, за да знаеме како популацијата на кучиња се развива во Македонија – рече Илевски.

Тој посочи дека од 2018 година се врши микрочипирање. Податоците за чипираните животни треба да бидат јавни за сите релевантни институции. Врз осноа на нив општините ќе знаат колкав број на бездомни кучиња имаат и во кој правец се развива таа бројка. Илиевски забележа дека општините, но и регионот доколку сакаат да прават стационар за бездомните кучиња, мора да ги знаат бројките на кастрирани и нестерилизирани кучиња и колкава е нивната фреквенција, за да знаат колку во наредниот период ќе се појават нови бездомни животни.

реба да имаме и посебна Стратегија за руралната популација и руралните средини кои исто така имаат кучиња кои воопшто не се под ветеринарен надзор и тоа мора да го ставиме како посебна алатка во целиот систем. Нашата култура на живеење е дека знаеме дека секоја рурална средина има кучиња на фарма, или било кој друг објект на село мора да има кучиња. Тие мора да бидат под надзор и да знаеме како се размножуваат, како нивниот број се движи за да може да спречиме нови појавувања на кучиња на улица – вели Илиевски.

Директорот на Центарот за развој на ИПР Трајче Здравков изјави дека локацијата за изградба на регионален стационар ќе се знае по изработката на физибилити студија и техничката документација. Врз основа на овие документи ќе се знае каде ќе се гради и колкав капацитет ќе има.

– По обезбедување на средствата за изработка на оваа техничка документација, ќе знаеме понатаму во текот на настаните каде ќе биде локацијата. Процентата вредност на концептот за физбилити студиите и техничка документација е пет милиони денари. Се надевам, во текот на овие месеци ќе добидеме извор на финансирање, за до крајот на годината добиеме договр за оператор кој што ќе почне да работи на документацијата – рече Здравков.

Единасет градоначалници од Брегалничкиот регион имаат донесено едногласна одлука за решавање на овој проблем со изградба на регионален стационар за бездомни кучиња.

 

Ознаки
Категорија