Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денес во Тетово ја одржа првата од серијата работилници „Ангажманот на локалната заедница во управување со популацијата на кучиња“. Работилниците ќе се реализираат во рамки на иницијативата за решавање на проблемот со популацијата кучиња низ Македонија.
Во насока на системско и одржливо решавање на проблемот со бездомните животни, Агенцијата како носител и координатор на активностите на работната група за изработка на стратегија за решавање на проблемот со бездомната популација животни, преку координирана меѓуинституционална соработка веќе почна со реализација на дел од активностите во кои учествуваат и Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС, Ветеринарната комора и здруженијата за заштита на животните, како и науката и други релевантни институции и чинители.

-Стратегијата за прв пат ќе се изработува поединечно, за секој плански регион во државава. Овој нов пристап на решавање на актуелниот проблем со бездмните животни, најголемиот дел кучиња, предвидува првично спроведување на детална проценка на популацијата на бездомни кучиња и тоа во секој плански регион согласно спецификите (дали станува збор за градско или рурално подрачје, спецификите на населените места во рамки на секој од регионите и слично) и ќе претставува основа за креирање на таргетирани и ефикасни мерки за справување со проблемот на бездомната популација кучиња куќиња, во секој плански регион одделно – истакна Тања Ристевска Ололовска, в.д раководител на Секторот за инспекциски надзор при АХВ.
Таа истакна дека реален е проблемот со бездомните кучиња и тој за жал постојано се зголемува но, како што рече таа, тој проблем не е нерешлив.
-Како што го решиле во другите европски држави и ние ќе одиме по тие принципи на решавање - на цивилизиран начин, без труење, без убивање, без малтретирање и без дислокации, потенцира Ристевска Ололовска.
На работилницата беа презентирани новите пристапи за управување со популацијата бездомни кучиња каде преку стандардите на хуман, стручен и безбеден начин ќе се заштитат и јавното здравје и благосостојбата на животните.
-Овие работилници ќе се одржатво сите осум плански региони низ државава и треба да бидат основа за креирање на нова Национална стратегија за решавање на проблемот со популацијата кучиња. Ваквите работни состаноци се со цел запознавање на локалната самоуправа со одредени активности кои ќе треба да се преземат во наредниот период околу популација на бездомни кучиња – реше професор Влатко Илиески од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, член на работната група.
Клучно е, истакна тој да се воспостави мониторирање на изворот на нови кучиња како клуч за решавање на проблемот со кој сега се соочуваме, како од аспект на јавното здравје (сообраќајни несреќи предзивикани од бездомни животни, болести кои се пренесуваат од животните на луѓето, касанувања од бездомни животни и сл), така и од аспект на нивната благосостојба која мора да биде запазена. “Националната стратегија која треба да ја направиме не може да биде иста за целата територија на државава. Има големи разлики меѓу регионите и меѓу општините во нивни рамки. Затоа секоја специфика и различност треба да бидат земени во предвид при нејзината изработка” – потенцира Илиески.
На работилницата која се одржа во Тетово презентирана беше постоечката законска рамка за благосостојба на кучињата и мачките и за контрола на популацијата бездомни животни.