Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Агенцијата за храна и ветеринарство овие два дена беше домаќин на тим од експерти од Европската Унија, како дел од EUVET мисијата одобрена од страна на Европската Комисија за помош на Македонија во борбата со болеста сипаници кај овци и кози

18.02.2026
Насловна слика

Ветеринарниот тим за итни случаи (EUVET)составен одекспертитеTsviatko Alexandrov од областа на ветеринарнитенауки и Dr. Ir. Nick De Reggeод областа на ветеринарните науки, вирусологијата илабораторискитетестирања од Одделот за заразни болести кај животните - Егзотични и вектор преносливи болести (EXOVEC), Скиенсано и Националната референтна лаборатории на ЕУ за вирусите Capripox од Белгија беа во посета на Агенцијата и на терен во однос на превземените мерки за болеста сипаници кај овци и кози.

Во Агенцијата беше презентирана моменталната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овци и кози, превземените контролни и заштитни мерки од страна на Агенцијата, како и понатамошните мерки кои ќе бидат превземени од страна на Агецијата.

Слика

При посетата на с. Лопате, општина Куманово експертите разговараа со населението во однос на појавата на болеста, при што констатираа дека сите превземени мерки се согласно важечките ЕУ прописи.

Од страна на експерите беа потврдени превземените контролни и заштитни мерки во однос на болеста сипаници кај овци и кози, начинот на кој се справува Агенцијата за храна и ветеринарство, како и препораки со цел подобрување на состојбата и спречување на ширење или појава на нови жаришта на болеста. Експертите поврдија дека превземените мерки се со согласност со мерките дадени во Европското законодавство и меѓународните стандарди

Категорија