
Заменик директорот на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ), Фадил Асани, учествуваше на 21 манифестација - Денови на македонскиот мед, која од денес до недела ќе се одржува во центарот на Скопје на улица Македонија. Организатор на манифестацијата е пчеларското здружение Матица од Скопје.
Заменик директорот Асани ги посети штандовите на изложувачите на мед и пчелни производи и поразговара со производителите за состојбата со пчерството во земјава и резултатите од овогодинешната реколта.
Изложувачи на манифестацијата Денови на македонскиот мед и оваа година се производители на мeд и пчелни производи од цела држава.


Категорија