Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Во Тетово и Дебар одржани работилници за безбедно земање, пакување, означување и транспорт на мостри

11.07.2025
Во Тетово и Дебар одржани работилници за безбедно земање, пакување, означување и транспорт на мостри

Процедури за безбедно земање, пакување, означување и транспорт на примероци, вклучително и изготвување на пропратна документација, благосостојба на животните при зашеметување, колење и убивање, методи за зашеметување и убивање и опрема што се користи за зашеметување и убивање се дел од темите на тренинг работилниците кои во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера и завчера се одржа во Тетово и во Дебар. На работилницата учествуваа официални ветеринари и доктори по ветеринарна медицина од општините Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга.
Целта на тренинг - работилниците беше обновување и стекнување на знаења и вештини за безбедно земање, пакување, означување и транспорт на примероци, како и за изготвување на пропратна документација. На тренинг работилницата беше презентирана моменталната епидемиолошка состојба со болестите во регионот со акцент на болестите Чума кај малите преживари (појава на жаришта во Албанија и Косово) и болеста Сипаници кај овците и козите (појава на жаришта во Грција и Бугарија). 

 

1

 

Дополнително, фокусот на разговорите беше ставен на благосостојбата на животните при спроведување на постапки за депопулација во случаи на појава на особено опасни заразни болести, со посебен акцент на малите преживари. Официјалните ветеринари и докторите по ветеринарна медицина активно учествуваа во дискусиите, поставуваа прашања, споделуваа искуства и изнесоа свои мислења и предлози. Како особено значаен беше истакнат предлогот за задолжително вклучување на сертифицирани лица за благосостојба на животните при зашеметување, колење и убивање.

 

2


Овие лица се сертифицирани од страна на Центарот за благосостојба на животните, при Факултетот за ветеринарна медицина Скопје за што беше предложено нивно задолжително ангажирање при формирање на тимот за депопулација, во случаи на појава на особено опасни заразни болести.

 

3

 

По одржаните тренинг рботилници претставници од АХВ одржаа работни состаноци со претставници на општините Дебар и Тетово. На состаноците беа презентирани плановите за итни мерки, важноста и улогата на локалната самоуправа при спроведување на одговор при појава на особено опасни болести кај малите преживари. Општина Дебар и Тетово се согласија информативните материјали за болестите кои се во електронска и печатена форма да ги споделат до граѓаните на овие две општини со цел подигнување на јавната свест за конкретните болести кај животните.

Ознаки
Категорија