Заради зачувување на статус земја слободна од болеста чума кај мали преживари и извоз на живи животни, месо од овци и кози и нивни производи во Европската Унија и заштита од внесување на вирусот на чума кај мали преживари (Peste des Pestitis Ruminants), Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решенија за забрана на увоз и транзит на живи животни (домашни и диви овци и кози) кои потекнуваат од Република Романија и Република Грција. Забраната се однесува и на увоз на месо, производи и преработки од месо од домашни и диви овци и кози, како и производи од млеко од домашни и диви овци и кози и нус производи кои потекнуваат од регионите Тулчеа/Tulcea во Република Романија и регионот Трикала/Trikala во Република Грција.
Увозот на производи од месо од домашни и диви овци и кози е дозволен доколку истите биле подложени на термички третман согласно донесеното решение од страна на директорот на Агенцијата (обработка во херметички затворен контејнер, термички третман што обезбедува постигнување на температура од најмалку 70°C - 80°C што треба да помине низ производот од месо во текот на преработката на месото, термичко третирање на производите од месо, во херметички затворени контејнери на температура од најмалку 60°C за период од најмалку 4 часа и термички третман што обезбедува постигнување на температура од најмалку 65°C во внатрешноста на производот за периодот што е неопходен за постигнување вредност на пастеризација (pv) еднаква или поголема од 40.