Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Спроведувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните во фокусот на разговорите

16.07.2024
Спроведувањето на Годишната наредба за здравствена заштита на животните во фокусот на разговорите

Oвозможување на поквалитетни и навремени услуги од страна на ветеринарните друштва кон одгледувачите на добиток и сопствениците на домашни миленици во рамки на реализирањето на активностите согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните и , унапредување на соработката и размена на информации меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Ветеринарната комора, се дел од темите на кои денес разговараа директорот на АХВ Оливер Миланов, со претставници од Ветеринарната комора, предводени од претседателот Жарко Михајловски и извршниот директор Томислав Николовски.

Миланов информираше дека е склучен договорот за јавни набавки  за лабораториски услуги за здравствена заштита на животните и дека за најповолен понудувач е избран Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. 

На состанокот разгледани беа актуелните прашања од областа на ветеринарството и активностите кои до крајот на годината треба да се реализираат од страна на ветеринарните друштва членки на Комората во спроведувањето на Годишната наредна за здравствена заштита на животните. Членките на Комората го информираа директорот Миланов за динамиката на реализирањето на Годишната наредба на терен. 

- И за АХВ и за Комората приоритет и во наредниов период треба да биде унапредувањето на услугите  кон одгледувачите на животни и сопствениците на домашни животни, во интерес на развој на сточарскиот сектор. Прашањата и предизвиците во работењето ќе продолжиме да ги решаваме тимски, заштитувајќи го здравјето на животните, со тоа и на граѓаните, незаборавајќи да водиме сметка и за заштитата на животната средина – истакна Миланов.

Директорот Миланов побара Комората да ја разгледа можноста за интензивирање на соработката меѓу АХВ и Ветеринарната комора преку поголема застапеност на претставници од Агенцијата во телата и органите на Комората, за што беше изразена поддршка од страна на претставниците на Комората на иницијативата, како што рекоа, во интерес на досегашната соработка  со Агенцијата и заштита на интересите и потребите на сточарите  и  зачувување на дигнитетот на ветеринарната професија.
 

Ознаки
Категорија