Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Се испитува можно труење со храна и во Гостивар

14.07.2024
Агенција за храна и ветеринарство

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство, денес во Гостивар, спроведоа вонреден инспекциски надзор во пицерија ресторан, по добиена информација од гостиварскиот Центар за јавно здравје дека вчера 9 лица биле пријавени со симптоми за труење со храна. Согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации,  земени се мостри за лабораториско испитување од инкриминараната храна ( пилешки стек, свежа марула и мајонез) и брисеви од работните површини, опремата и приборот и од вработените лица.

На операторот со храна наредени му се превентивни мерки за темелно  механичко и хемиско чистење на објектот, опремата и приборот, вонредна дезинфекција и вршење на вонредни санитарни прегледи на вработените лица. Од страна на инспекциските служби времено е затворена кујната, до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско испитување.

АХВ апелира во услови на високи надворешни температури, и операторите и потрошувачите да внимаваат на безбедноста на храната со цел спречување на ризици од појава на можно труење со храна.

Во функција е бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22  на Агенцијата за храна и ветеринарство каде може да се пријави секој сомнеж во безбедноста на храната. Претставка граѓаните може да поднесат и лично во Агенцијата, или во нејзините подрачни единици, како и електронски на info@fva.gov.mk.
 

Категорија