Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одржан координативен состанок за предлог законот за донирање вишоци храна

15.05.2023
Одржан координативен состанок за предлог законот за донирање вишоци

Денес во Дојран, заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерката за животна средина Каја Шукова и министерот за
земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, учествуваше на 
координативен состанок на работната група за финализирање на предлог законот за донирање на вишоци храна.

 

Во текот на средбата се постигна консензус за надлежностите, системот и платформата за управување со вишокот на храна и негова донација до граѓаните на кои таа им е најпотребна.

 

Одржан координативен состанок за предлог законот за донирање вишоци храна

 

Со донесување на ова законско решение се воспоставува институционализиран систем на донација на храна низ целата држава, се овозможува превенција на отпад и фрлање храна и се обезбедува пристап до храна на сите ранливи категории граѓани.

Ознаки
Категорија