Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Бабовски со свое обраќање на меѓународната конференција “Предизвиците на безбедноста и сигурноста на храната во југоисточна Европа”

11.04.2023
Бабовски со свое обраќање на меѓународната конференција

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес и утре, во Подгорица, Република Црна Гора, на покана на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, учествува на конференцијата “Предизвиците на безбедноста и сигурноста на храната во југоисточна Европа”. На конференцијата учествуваат повеќе од десет делегации на земји - учеснички на Процесот на соработка во југоисточна Европа (СЕЕЦП), како и високи претставници на меѓународни организации од областа на безбедноста на храната. Целта на конференцијата е размена на искуства и знаења од оваа област од земјите од регионот и воспоставување нови соработки и партнерства.


- Агенцијата за храна и ветеринарство на Северна Македонија е независен орган на државната управа одговорен за креирање политики и за спроведување на активности поврзани со безбедноста на храната и храната за животни, во сите фази на производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата. Покрај Законот за безбедност на храната, сите останати закони по кои постапува Агенцијата се комплетно усогласени со европското законодавство, постапувајќи согласно интегрираниот пристап „Oд фарма до вилушка“ – истакна Бабовски во обраќањето на првата сесија од Конференцијата, објаснувајќи ги надлежностите и активностите на АХВ. 


Обезбедување безбедност на храната која се произведува, но, и увезува во земјата се целите кон кои се стреми АХВ, бидејќи секој од нас како потрошувач има право да консумира безбедна и квалитетна храна. Одржувањето на високо ниво на доверба на потрошувачите со преземање на навремени и ефикасни активности за спречување на опасности, ризици и закани низ целиот ланец на исхрана, додаде Бабовски во обраќањето пред учесниците на Конференцијата, како и поддршката на прехранбената индустрија во постигнување на високо ниво на усогласеност со правилата за безбедност и квалитет на храната, се дел од приоритетите кон кои се насочени активностите на нашата институција. 

 

2


-Еден од најголемите предизвици за надлежните органи за безбедност на храната денес е спречување на измамите со храна кои понекогаш може да имаат сериозни импликации врз безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите. Поаѓајќи од принципот „Безбедноста на храната е сечија одговорност“, Агенцијата за храна и ветеринарство е посветена на спроведување активности за подобро информирање на потрошувачите, нивна едукација, спроведување контролни и превентивни мерки, обезбедување независна научна експертиза придружена со лабораториски капацитет за проверка на автентичноста на храната, воведување и одржување на системот за собирање, следење и анализирање на информации поврзани со измамите со храна и развој на механизми и техники за истраги поврзани со нив,  како и воспоставување соработка со Мрежата за измами со храна на Европската унија и доколку е можно, пристапување кон Мрежата за следење на онлајн трговијата – потенцира Бабовски.


Агенцијата за храна и ветеринарство во последните години презема низа активности со цел да ја подигне јавната свест дека безбедноста на храната е одговорност не само на надлежниот орган, туку и на операторите со храна, потрошувачите и пошироката јавност.

 

3


 

Ознаки
Категорија