Ситуацијата со африканската свинска чума во последниве три месеци е стабилна, изјави за ТВ Ал Џезеира, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски.
Рестриктивните мерки на сила се само уште во Куманово, а во другите општини, додаде тој во изјавата, дозволено е повторно да се одгледуваат свињи само со исполнување на неколку услови.
Откако ветеринарната инспекција ќе изврши категоризација, зависно од тоа дали фармата е со низок или со среден ризик, може да се почнеа со репопулација. Таа дилема мораме да ја расчистиме. Повторното одгледување е можно, дури и се препорачува, бидејќи тие одгледувачи се дел од нашата месна индустрија. Оние кои не ги исполнуваат условите, не можат да вршат репопулација. Мораат прво да ги подигнат стандардите во одгледувалиштата и да дојдат барем до категоријата фарми со среден ризик
- истакна Бабовски.