Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

По сомнежот за труење со храна, спроведена вонредна инспекциска контрола во кујната во студентскиот дом Пелагонија

28.12.2022
Агенција за храна и ветеринарство

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со  Центарот за јавно здравје и претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, утрово, по добиено известување за можно труење со храна во студентскиот дом Пелагонија, извршија вонредна инспекциска контрола во кујната.

 Од страна на инспекторите за храна, кујната е времено затворена. Наредени се мерки за  генерално чистење и дезинфекција на објектот. За лабораториско испитување, земени се 6 мостри од храната која се послужувала и  8 брисеви од работните површини и опремата. 

Кујната ќе биде повторно пуштена во употреба по добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста и по контролата која ќе направат инспекторите со која ќе се потврди дека се преземени сите наложени мерки за отстранување на констатираните недоследности. 
 

Ознаки
Категорија