Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ одржа координативен состанок со здруженијата на одгледувачи на свињи

20.10.2022
АХВ одржа координативен состанок со здруженијата на одгледувачи на свињи

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес одржа работен состанок со претставници од здруженијата на одгледувачи на свињи “Гицко” и “Македонско прасе”. На состанокот кој се одржа во Агенцијата, а на кој присуствуваа и претставници од надлежните сектори и одделенија во АХВ, разгледани беа актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите која е присутна во неколку региони и можностите и понатамошните активностои кои треба да се преземат од сите чинители за нејзино ставање под контрола и искоренување.

На состанокот заклучено беше дека на терен е неминовно да се усогласат активностите на надлежните државни органи, ветеринарните  друштва, локалните самоуправи и комуналните претптијатија кои се под нивна надлежност, но, пред се, потребна е соработка од сточарите.

Агенцијата за храна и ветеринарство уште еднаш упати апел до одгледувачите на свињи членки на здруженијата, но и до сите останати, како и до ловните друштва и граѓаните, да се почитуваат биосигурносните мерки за да се спречи ширењето на болеста, односно таа да се стави под контрола и да се искорени, со цел да се заштитат сите вклучени во синџирот – одгледувачите, преработувачите и граѓаните како потрошувачи. 
 

 

Ознаки
Категорија