Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Бабовски: АХВ ќе потпише меморандум за соработка со Канцеларијата за ветеринарство на Босна и Херцеговина

19.04.2022
Бабовски: АХВ ќе потпише меморандум за соработка со Канцеларијата за ветеринарство на Босна и Херцеговина

Во пресрет на “2 Форум на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан зa комуникација и соработка” кој утре и задутре ќе се одржи во Охрид, а чиј домаќин е Агенцијата за храна и ветеринарство, првиот човек на Агенцијата, Николче Бабовски, денес оствари работен состанок со Саша Бошковиќ, директор на Канцеларијата за ветеринарство при Министерството за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина. Унапредување на соработката во делот на здравствената заштита и благосостојбата на животните, интензивирање на активностите во рамки на регионалната иницијатива за превенција, контрола и сузбивање на болестите кај животните и размена на искуства, се дел од темите на кои се разговараше на средбата.


Договоривме и досегашната плодна соработка да ја официјализираме со потпишување на меморандум за соработка меѓу двете институции. Очекуваме дека тоа ќе биде основа не само за интензивирање на меѓуинституционалната соработка, туку и за зголемување на трговската размена меѓу двете земји, -истакна Бабовски.


Тој го запозна директорот на босанската Канцеларија за ветеринарство со тековните активности кои ги спроведува АХВ на полето на здравствената заштита и благосостојбата на животните, вклучително и за активностите за сузбивање и контрола на африканската свинска чума и птичјиот грип кои неодамна се појавија во земјава. Од состанокот произлезе заедничка оценка дека унапредувањето на соработката во областа на ветеринарството, размената на идеи и информации и во рамки на регионалната иницијатива за соработка ќе придонесат и за унапредување и интензивирање на соработката и трговијата меѓу двете држави.


Во рамки на билатералната посета на Агенцијата за храна и ветеринарство, директорот на Канцеларија за ветеринарство на Босна и Херцеговина Саша Бошковиќ, посети неколку  стопански објекти, меѓу кои и најголемиот извозник на месни преработки во Босна и Херцеговина, компанијата Пекабеско.
 

Ознаки
Категорија