Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ домаќин на “2 Форум на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан зa комуникација и соработка”

19.04.2022
forum

Агенцијата за храна и ветеринарство, утре и задутре (20-21.04.2022 година) во Охрид ќе биде домаќин и претседавач со “2 Форум на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан зa комуникација и соработка”. Форумот ќе се одржи под покровителство на регионалниот проект „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската унија и на него ќе земат учество високи претставници од Генералниот директорат за здравје и безбедност на храната при Европската комисија, Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), од ветеринарните власти од Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Црна Гора, Република Косово, Република Србија, како и претставници од проектот покровител на Форумот.

Во двата дена на форумот ќе се дебатира за состојбата со болестите кај животните во Западен Балкан и статусот на слободни земји од одреди болести, со акцент на класична свинска чума, чумата кај малите преживари, болеста беснило, а објаснети ќе бидат и програмите за системот на официјални контроли за справување со беснилото кое се пренесува преку кучињата, подобрувањето на пасивниот надзор на болеста и анализата на податоци за Западен Балкан.

Во однос на болеста авијарна инфлуенца ( птичји грип) презентирана ќе биде состојбата во секоја земјите учеснички на форумот и во Европа, а од страна на проектот покровител на форумот, ќе биде претставен предлогот за подготовка на кохерентна стратегија за контрола на оваа болест. И африканската свинска чума ќе биде во фокусот на интересот на учесниците на форумот на кој ќе се дебатира и за креирање на регионална кампања за оваа болест, за која ќе биде презентирана епидемиолошката состојба во Европа и Западен Балкан. 

Дефинирани ќе бидат и идните полиња и приоритети за регионална соработка и комуникација, со цел преземање на координирани мерки за превенција, заштита и искоренување на болестите кај животните. Утре и задутре во Охрид ќе бидат разменети и искуства од работењето на надлежните ветеринарни служби од регионов, а избран  ќе биде и новиот ко - претседавач  за наредните 6 месеци. 

 

 

forum

 

Ознаки
Категорија