Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Со регионална соработка и комуникација до подобра состојба со болестите кај животните

15.03.2022
Со регионална соработка и комуникација до подобра состојба со болестите кај животните

Болестите кај животните не познаваат граници, а некои од нив претставуваат сериозна опасност и за луѓето, затоа, унапредувањето на регионалната соработка и интензивирање на комуникацијата мора да биде приоритет, не само во регионот, туку и пошироко. Симулациската вежба која денес и утре ќе ја реализираме е од исклучително голема важност, за нас како институција која треба да ја тестира сопствената подготвеност на системот за да одговори на предизвикот за справување со оваа болест, туку, делувајќи регионално, уште повеќе да ја унапредиме соработката и комуникацијата меѓу надлежните институции и ветеринарниот сектор при евентуална појава на болести кај животните, пред се на оние кои се предмет на плановите за итни мерки. Теоретските и практичните активности на вежбата, јасно ќе прецизираат дали она што сме го зацртале во плановите за итни мерки функционира и на терен

– истакна денес во Велес директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, кој се обрати на првиот ден од симулациската вежба за справување со болеста чума кај малите преживaри.

Оваа болест, додаде тој, за среќа досега не беше присутна во земјава, а како потврда на доброто менаџирање со неа во јуни 2020 година, земјава го доби статусот на слободна од чума кај малите преживари. Вежбата ќе ја реализираме со поддршка на проектот „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан“, потенцира тој и додаде дека активностите кои ќе се спроведат, теоретски и на терен во селото Сујуклари, е добра основа да се скенира поставеноста на системот, да се провери неговата функционалност која досега даваше позитивни резултати. 


-Доколку теренски се утврдат некои недоследности, вежбата ќе ни ги даде насоките за негова идна корекција и доработка, се со цел, брзо и соодветно да се справиме со болеста која може да се појави, а која не смееме да дозволиме да не изненади, истакна Бабовски. 

 

1

 


Преку вежбата, рече тој, како и многу пати досега, во соработка со науката, на државно и на регионално ниво, ќе ја потврдиме ефикасноста и ефективноста на плановите за итни мерки за справување со оваа болест. Целта е  да воспоставиме контрола и искоренување на болеста при евентуално нејзино појавување,  што е од клучно значење за да се обезбеди и спречи нејзино ширење и предизвикување на економски загуби. Во почетокот на годинава,истакна Бабовски и реално како институција бевме исправени пред предизвикот  со тестирање на дефинираните планови за итни мерки за справување со болестите африканска чума кај свињите и со птичјиот грип. 


-Како институција го поддржуваме овој концепт за тестирање на функционалноста на плановите за справување и со други болести, за што веќе се планираат активностите, а во финална фаза е и подготовката на процедурата за организирање и спроведување на симулациски вежби која ќе биде стандардизирана по ИСО стандардите. Верувам дека размената на регионалните и европските искуства кои ќе ги споделиме денес, ќе дадат нов импулс во подобрување на воспоставениот систем на контрола и на оваа болест, а воспоставената комуникација ќе ја подигне на уште повисоко ниво кога станува збор за размената на информации, не само меѓуинституционалната во рамки на секоја од државите одделно, туку и регионално. Ова ќе биде основа за обезбедување на услови за регионално подобрување на епизотиолошката состојба со болестите кај животните, особено оние кои се предмет на плановите за итни мерки - заклучи Бабовски. 

 

2

 

Според Тони Киранџиски, тим лидер на проектот со чија поддршка се одржува симулациската вежба, фокус со проектот кој е поддржан од Европската унија во изминатиот период беше ставен на унапредување на регионалната соработка и комуникација на земјите од западен Балкан, за што покрај оваа, се одржаа уште две симулациски вежби, во  Црна Гора и  во Косово. Во регионалниот проект покрај Република Северна Македонија, вклучени се и Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и  Црна Гора. 

 

-Досегашната регионална соработка е на високо ниво, но, таа мора постојано да се унапредува и да се формализира. Верувам дека токму оваа симулациска вежба за тоа и ќе придонесе – посочи Сања Шепаровиќ, експерт за стратегиска комуникација на проектот.


Анет Гомелвинд, експерт за планови за итни мерки од ЕУ детално го објасни сценариото по кое денес и утре ќе се реализираат теоретските и теренските активности на симулациска вежба во селото Сујуклари.

 

3


 

Ознаки
Категорија