Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Потпишан договорот за изградба на нова административна зграда на АХВ

10.03.2022
Потпишан договорот за изградба на нова административна зграда на АХВ

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес, со Благој Димитров, управител на Друштво за градежништво,трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО Скопје, го потпиша договорот вреден 515.202.937,62 денари, за изградба на новата административна зграда со лабораториски простории на Агенцијата за храна и ветеринарство. Објектот на АХВ, согласно договорот, во рок од 2 години ќе се гради во Општина Аеродром.

Новата административна зграда на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе обезбеди современи услови за работа на административните службеници и инспекциските служби, по највисоки европски и светски стандарди. Заедно со лабораториите кои според планираното ќе работат во скоп на Агенцијата, ќе се обезбедат услови за унапредување на заштитата на здравјето на луѓето од болести кои се пренесуваат преку храната и преку животните, но и заштита на здравјето на животните и нивната благосостојба. 
 

 

 

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес, со Благој Димитров, управител на Друштво за градежништво,трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО Скопје, го потпиша договорот вреден 515.202.937,62 денари, за изградба на новата административна зграда со лабораториски простории на Агенцијата за храна и ветеринарство. Објектот на АХВ, согласно договорот, во рок од 2 години ќе се гради во Општина Аеродром.  Новата административна зграда на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе обезбеди современи услови за работа на административните службеници и инспекциските служби, по највисоки европски и светски стандарди. Заедно со лабораториите кои според планираното ќе работат во скоп на Агенцијата, ќе се обезбедат услови за унапредување на заштитата на здравјето на луѓето од болести кои се пренесуваат преку храната и преку животните, но и заштита на здравјето на животните и нивната благосостојба.

 

Ознаки
Категорија