Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес, со Благој Димитров, управител на Друштво за градежништво,трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО Скопје, го потпиша договорот вреден 515.202.937,62 денари, за изградба на новата административна зграда со лабораториски простории на Агенцијата за храна и ветеринарство. Објектот на АХВ, согласно договорот, во рок од 2 години ќе се гради во Општина Аеродром.
Новата административна зграда на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе обезбеди современи услови за работа на административните службеници и инспекциските служби, по највисоки европски и светски стандарди. Заедно со лабораториите кои според планираното ќе работат во скоп на Агенцијата, ќе се обезбедат услови за унапредување на заштитата на здравјето на луѓето од болести кои се пренесуваат преку храната и преку животните, но и заштита на здравјето на животните и нивната благосостојба.