Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Директорот Бабовски одржа работен состанок со Ветеринарната комора

28.02.2022
ветеринарна комора

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес одржа работен состанок со претставници на Ветеринарната комора на кој беа разгледани иницијативите на Комората за намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти за ветеринарните услуги и за зголемување на нивните цени, за активностите кои се од јавен интерес, а кои ги спроведуваат ветеринарните друштва. Како што истакна директорот Бабовски, АХВ како институција ќе продолжи да ја продлабочува долгогодишната соработка со Комората во насока на реализација на концептот “Едно здравје”, вклучително и иницијативата за намалување на ДДВ за ветеринарните услуги, што ќе придонесе за зголемување на конкурентноста на друштвата.

За предлогот за зголемување на цените на услугите за спроведувањето на активности од јавен интерес за кои друштвата имаат потпишано договори со АХВ, според Бабовски неопходно е барањето да биде темелено на прецизно дефинирана методологија која ќе ги следи движењата на пазарот и ќе биде репер за нивна корекција, за што ќе треба да се направи соодветна буџетска измена.

Томислав Николовски, претседател на Комората, изрази благодарност за досегашната соработка и за поддршката која на оваа организација ја дава АХВ во изминативе години, потенцирајќи дека барањата кои Комората ги презентираше пред АХВ, се поддржани од мнозинството членки.
 

 

vet

 

Ознаки
Категорија