Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Со неточни информации повторно се манипулира со безбедноста на храната

18.02.2022
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство ги отфрла неоснованите обвинувања на Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство на ВМРО ДПМНЕ изнесени на денешната прес конференција, во која обвинува дека Агенцијата за храна и ветеринарство дозволила увоз на пилешко месо и производи од месо од Република Словенија во време кога во таа земја е потврдено присуство на  болеста птичји грип. 

АХВ е професионална институција и затоа пред граѓаните одговорно тврдиме дека храната која е увезена од оваа земја е безбедна. 

Посочените увози во изјавата на Трипуновски се однесуваат на увоз на замрзнато месо  и замрзнати производи од пилешко и мисиркино месо ( панирани производи) и истите потекнуваат од региони во Република Словенија кои се слободни од болеста птичји грип, а  производите од месо се термички третирани со специфичен Д третман, што е исклучок од забраната за увоз. Станува збор за производи кои слободно може да се увезуваат откако ќе го поминат овој специфичен третман. За трите посочени пратки, словенечките ветеринарни власти имаат издадено соодветен сертификат со кој се гарантира нивната безбедност.

Манипулациите со кои се служи Трипуновски и со кои на сметка на граѓаните и бизнис заедницата од двете земји собира ситни политички поени, место да ги унапредуваат само ги уназадуваат економските врски на двете земји. Дегутантно е со соопштенија во кои не се проверуваат фактите, по секоја цена, да се инсистира да се биде присутен во јавноста. 

 

Ознаки
Категорија