Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Тајван со парични казни за внес на производи од свинско месо

29.01.2022
Тајван со парични казни за внес на производи од свинско месо

Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува бизнис операторите и граѓаните, дека Бирото за здравствена инспекција и карантин на растенијата и животните од Тајван, од 10 јануари годинава, воведе дополнителни биосигурносни мерки за заштита од внесување на тропски болести. Засилените мерки се однесуваат и на заштита од африканска чума кај свињите, болест која неодамна беше потврдена и во Република Северна Македонија, која забрзано се шири во светот и која претставува сериозна закана и за тајванската свињарска индустрија.

Контролата на увозните пратки, базирана на анализа на ризик, вклучително и на тие по потекло од Северна Македонија, се однесува на карго и поштенските пратки, како и на патничкиот багаж. 

Според официјалното известување добиено од тајванските власти, на патниците од Република Северна Македонија, кои ќе се обидат илегално да внесат производи од свинско месо во Тајван, ќе им биде изречена парична казна 200 илјади нови тајвански долари (200.000 NT$). Доколку прекршокот го повторат, висината на казната ќе изнесува 1 милион нови тајвански долари (1 милион NT$).

 

Ознаки
Категорија