Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Почна примената на Договорот за поедноставен транспорт на храна меѓу Македонија, Србија и Албанија

03.01.2022
Почна примената на Договорот за поедноставен транспорт на храна меѓу Македонија, Србија и Албанија

Стапи во сила Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедност на храна и фитосанитарната политика, потпишан во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Согласно Договорот, поедноставени се царинските постапки поради што е и олеснет транспортот на храна. 

 

 

Иницијативата „Отворен Балкан“, со кој меѓу Албанија, Србија и Република Македонија во декември минатата година се потпиша и Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедност на храна и фитосанитарната политика е веќе реалност со кој се обезбедува полесен пристап и поедноставни царински постапки, намален број на физички контроли и лабораториски испитувања при увоз на храна, животни, добиточна храна, растенија и други производи. Во насока на олеснување на трговијата меѓу трите држави и олеснување на протокот на добра, меѓу Македонија, Албанија и Србија, врз основа на Договорот, на граничните премини при увоз се врши само контрола на документацијата односно, идентификациски преглед на пратките, додека физичкиот преглед се врши на местото на истовар или на царински терминал во внатрешноста

вели за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски. 

 

Меѓу државите потписнички на Договорот разменети се мониторинг плановите за безбедност на храната и здравје на животните кои се спроведуваат во секоја држава, со цел секоја од земјите потписнички да има увид за секоја држава во степенот на безбедност на храната и усогласеноста на националните законодавства со ЕУ легислативата во областите кои се предмет на Договорот. 

 

Договорот има за основа интензивирање на соработката базирана на воспоставени ЕУ стандарди и признавање на резултатите од спроведените лабораториски анализи со акредитирани методи како основа за олеснување на трговијата и развој на економиите во трите држави. Тој претставува база и реален вовед во активностите кои на ова поле треба да ги преземеме како држави во поглед на пристапувањето кон Европската унија

објаснува Бабовски.

 

 

Babovski MIA

 

Ознаки
Категорија