Тековните податоци покажуваат дека ниту храната ниту пак пакувањето на храната не претставуваат опасност за ширење на вируси кои предизвикуваат респираторни заболувања, вклучително и SARS-CoV-2. Со други зборови, SARS-CoV-2 не претставува директна закана за безбедноста на храната. Сепак, многу е важно за прехранбената индустрија и надлежните органи да ги заштитат вработените преку обезбедување безбедна работна средина, промовирање мерки за лична хигиена и обезбедување обука за принципите за хигиена на храната. Овие мерки треба да се засноваат на ризик и да бидат пропорционални со нивото на очекувана изложеност на работниците на SARS-CoV-2: во средини каде SARS-CoV-2 не циркулира активно, практики во согласност со ефективните системите за управување со безбедноста на храната може да бидат доволни. Спротивно на тоа, во средини каде преваленцата на COVID-19 се зголемува, преземените мерки за превенција, исто така, треба да се зголемат.
Во таа насока, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) објави Упатство на тема „Насоки за превенција и пренос на КОВИД-19 за бизнис операторите со храна“. Целта на ова упатство е да се потенцираат мерките потребни за контрола на COVID -19, така што вработените ќе бидат заштитени, истовремено обезбедувајќи безбедна храна. Овие мерки не треба да ги заменат традиционалните контроли за безбедноста на храната и управување со безбедноста на храната, туку истите треба да ги надополнат.
Упатството може да се преземе на следниот линк: http://www.fao.org/3/cb6030en/cb6030en.pdf