Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ по трет пат дел од Светскиот ден на безбедна храна 7 јуни

06.06.2021
7 јуни  -  Светски ден на безбедна храна

Агенцијата за храна и ветеринарство, утре ќе се приклучи на глобалната кампања за одбележување на 7 јуни  -  Светски ден на безбедна храна, кој во 2019 година за прв пат беше востановен од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации - ФАО. Целта на иницијативата е подигнување на јавната свест за безбедноста на храната и информирање на јавноста за важноста од превенирање и управување со ризиците поврзани со неа, унапредување на здравјето на граѓаните, економскиот просперитет, развојот на земјоделството и пазарите. 

Под годинашното мото на Светскиот ден на безбедна храна - ,,Безбедна храна денес, за безбедно утре,, утре, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство во хотел Александар Палас ќе се одржи тркалезна маса, на која претставници од науката, институциите и невладиониот сектор ќе дебатираат за новата европска стратегија за безбедност на храната, за перспективите и предизвиците во примарното производство во поглед на безбедноста на храната, интегралната заштита на растенијата, за флексибилната примена на правилата за системот за безбеднот на храната низ призмата на потрошувачите. 

На  настанот ќе се дебатира и за  употребата на здравствените тврдења и измамите при нивно користење, за антимикробната отпорност и за  иновираната храна како предизвик на 21 век.

 

Ознаки
Категорија