Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ го ресертифицира Системот за квалитет, и во услови на глобална пандемија добиени позитивни оценки за работата на Агенцијата

02.03.2021
АХВ го ресертифицира Системот за квалитет, и во услови на глобална пандемија добиени позитивни оценки за работата на Агенцијата

Агенцијата за храна и ветеринарство го ресертифицираше воведениот Систем за квалитет и во услови на глобална COVID 19 пандемија доби позитивни оценки од страна на сертификациското тело MQS за функционалноста на документираниот Систем за квалитет, неговата усогласеност со  барањата на стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и примената во пракса.

На 25 и 26 февруари, аудитори од надворешното сертификациско тело MQS, партнер на Quality Austria ги проверуваа реализацијата на услуги по сектори и одделенија, процесот на лидерство и посветеност на врвното раководство, контекстот на Агенцијата, документираните информации, процесите на следење, мерење, анализа и евалуација, како и континуирано подобрување на Агенцијата.

Од страна на сертификациското тело MQS беше изразено огромно задоволство во поглед на целокупното одржување и документирање на системот, како и за пристапот на посветеност на новото раководство за Системот за квалитет.

Беше истакнато дека системот постојано се подобрува од година во година преку следење на сите препораки дадени во текот на проверките во изминатите години, по што аудиторите најавија дека ќе дадат предлог до Quality Austria за продолжување на користењето на сертификатот за квалитет на АХВ и во наредните три години.

Од страна на надворешните аудитори беше изразено огромно задоволство во однос на воведената  FMEA методологија за идентификација и евалуација на оперативните ризици во процесите. Целокупниот аудит ги опфати сите барања на стандардот ИСО 9001 : 2015, a акцентот беше ставен на Политиката за квалитет мисијата и визијата на организацијата, системските  процеси  на преиспитување на врвното раководство, контекстот на агенцијата преку влијание на надворешни и внатрешни фактори и заинтересирани страни.  Аудиторите искажаа задоволство од анкетата за мерење на задоволството на корисникот, како интерна алатка преку која АХВ следи дали се исполнети потребите и очекувањата на корисниците на услугите. Преку ова вреднување на преформансите во изминатите години, по 2016 година, Агенцијата бележи нагорен тренд и  просечната оценка се движи меѓу 4 и 5, односни 4,75 за 2020 година.

Оперативните процеси за време на ресертификацискиот аудит беа разгледувани преку преглед на дефинираните и реализираните цели за квалитет преку приказ на реални и мерливи индикатори и следење на трендот на резултатите по години.

Во услови на пандемија со Covid – 19 проверката беше успешно спроведена on – line со активно учество на сите носители на процеси во Агенцијата и претставници на тимот за управување со квалитет.

 


 

Ознаки
Категорија