Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Прирачниците за директно снабдување пред земјоделците во Скопско

14.09.2020
Прирачниците за директно снабдување пред земјоделците во Скопско

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството (АПРЗ), продолжуваат со активностите за промоција на двата правилника за директно снабдување. Тие денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна, под строги безбедносни протоколи за заштита од вирусот Ковид 19,  беа претставени пред фармерите и пред научната јавност.

Промоцијата почна минатата недела од Могила, а продолжи во Демир Хисар и Крушево.

Целта на правилниците е да се овозможи легална продажба на домашни земјоделски производи, директно на фарма, при тоа задолжително исполнувајќи ги критериумите за безбедност и хигиена на храната.
Промоцијата на правилниците пред производителите, оваа недела ќе се реализира во Скопско, во општините Петровец и Студеничани.


 

Ознаки
Категорија