Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Фармерите легално ќе продаваат од дома, АХВ со правилниците директно на терен

10.09.2020
Фармерите легално ќе продаваат од дома, АХВ со правилниците директно на терен

Фармерите и малите производители ќе можат да ги пласираат своите производи до крајните потрошувачи со додадена вредност без да зависат од откупувачите. Но, притоа, мора да ги исполнуваат соодветните хигиенски и безбедносни критериуми за производство и ставање во промет на храна. Ова го предвидуваат двата правилника за директно снабдување што ги донесе Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и кои со почитување на сите безбедносни протоколи за заштита од вирусот Ковид 19, денеска беа промовирани пред повеќе од стотина земјоделци и сточари во битолското село Могила. Во промоцијата, која утре продолжува во Крушево и Демир Хисар, а од идната недела и во другите населени места во земјава, покрај инспекторите за храна и официјалните ветеринари, вклучени се и советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) од Битола.

 

Целта на правилниците е малите производители на храна од животинско и од неживотинско потекло легално да се вклучат во системот за безбедност на храната и да ги продаваат своите производи. Покрај безбедност, со овие подзаконски акти се воспоставува и следливоста на производите, а се олеснува и ставањето во промет на мали количини производи, без да се нарушува или доведува во прашање ниту безбедноста на храната, ниту здравјето на потрошувачите, рече директорот на АХВ, Зоран Атанасов.

 

Фармерите легално ќе продаваат од дома, АХВ со правилниците директно на терен


Според него, деталното регулирање на ставањето во промет на мали количини производи од животинско потекло како што се месото, млекото и нивните преработки, консумните јајца, риба, дивечот и други, како и на мали количини преработени примарни производи од неживотинско потекло и храна со традиционални карактеристики, претставуваат основа за развој на малите производители на храна, и поттик за развој на семејните бизниси и во недоволно развиените производствени региони во земјава, за зачувување на традиционалниот начин на производство на производи карактеристични за одредени региони.


Подзаконските акти носат и новини. Прв пат е регулирано колењето на животните директно на фарма за што производителите ќе можат да користат услуга од мобилни кланици кои ќе треба да бидат одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство, се регулира и ставањето во промет на месото од дивеч, кое ќе може да се обработи во мали објекти за таа намена, а отворена е и можноста за легална продажба на млекото од малите фарми преку млекомати. Уреден е и пласманот на пазарот на мали количини производи како што се разни слатка, мармелади, преработки од зеленчук и традиционални прехранбени производи од неживотинско потекло, потенцира директорот.

 

Двата правилника АХВ ги подготви во соработка со невладиниот сектор, науката и државните институции непосредно вклучени во синџирот на храна.

 

Фармерите легално ќе продаваат од дома, АХВ со правилниците директно на терен

 

Апелираме до производителите кои ги исполнуваат критериумите од овие два подзаконски акти да се регистрираат како оператори за директно снабдување и да станат дел од системот за контрола на безбедноста на храната зошто тоа е нивна законска обврска. За оваа цел, потребно е да се обратат до подрачните единици на АХВ, за што совет за условите за регистрација можат да побараат и од инспекторите за храна и официјалните ветеринари и од советниците на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, дополни заменик-директорот на АПРЗ, Борче Петковски.


Според раководителот на Секторот за рурален развој во Министерството за земјоделство, Трајан Димковски, производителите преку овие правилници легално ќе имаат можност за  преработка и доработка на своите производи. Ваквите, практично старт-апи или почетни бизниси на земјоделците, ќе бидат дополнително субвенционирани од државата со грант од 10.000 евра во опрема. 


И денес кај нас има производители што продаваат сирење или млеко директно на фарма, но кога зборуваме за такви производи сето тоа оди на црн пазар. Тоа е онаа сива економија во која се нема контрола. Не зборуваме дека таквиот производ не е безбеден, туку операторот со храна што ќе се регистрира во системот на АХВ веќе подлежи на контроли и неговото производство се следи што, пак, дава сигурност дека потрошувачот купува безбедна храна. Но, многу е битно дека и земјоделецот тоа ќе може да го продава не само директно на купувачи кај него, туку и во локални ресторани, локални продавници. Тоа ќе му овозможи поголеми приходи што е и крајната идеја, подвлече Димковски.

Ваквото искуство, додаде, е веќе пракса во европските земји. 

 

Фармерите легално ќе продаваат од дома, АХВ со правилниците директно на терен

 

Кога е овозможено да се продава легално „од праг”, односно од фарма, ќе има објекти кои ќе се прилагодат и туристички, ќе нудат сервис за храна преку понуда токму на оваа локална храна, од малите производители, рече Димковски.

На интернет страницата на АХВ е објавен Водич за потребните услови за почнување со работа на примарни производители и објекти од мал обем на производство кои ставаат во промет храна од животинско потекло.
 

Ознаки
Категорија