Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ подготвена за отворање на Поглавјето 12

06.04.2020
АХВ подготвена за отворање на Поглавјето 12

Агенцијата за храна и ветеринарство е подготвена за отворање на Поглавјето 12 - Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика, од преговарачкиот процес за пристапување на земјава кон Европската унија, согласно новата методологија на Европската комисија. По неколкукратните позитивни извештаи на Комисијата за постигнатиот напредок во евро - интеграциските процеси за Поглавјето 12, по одлуката на Министрите за европски прашања на ЕУ да дадат зелено светло за започнување на преговори за членство во Унијата со Северна Македонија, невладината организација Институт за европска политика од Скопје - ( ЕПИ), направи анализа за подготвеноста на земјава за започнување на преговорите со ЕУ, споредено со останатите земји од Западен Балкан, вклучително и за поглавјето 12.

За ова поглавје, во поглед на квантификацијата на нивото на подготвеност според извештаите на Европската комисија, за кое Република Северна Македонија доби оценка 4 – (напреднато, во напредна фаза) и ЕПИ во анализата посочува дека нашата земја предничи пред Црна Гора, која преговорите со ЕУ ги има почнато уште во 2012 година, а која  заедно со Република Србија, со отпочнати преговори со ЕУ во 2014 година, за ова поглавје се оценети со 3 (умерено напредно ниво).

ocenka 4

Оценка 2  (не е многу напреднато, напредува, полека напредува), за Поглавјето 12, според ЕПИ, имајќи ги во предвид извештаите на ЕК, имаат Косово и Босна и Херцеговина како потенцијални кандидати за членство во Унијата, заедно со соседна Албанија. Оваа држава во 2018 година ја доби првата препорака за отпочнување на преговори за членство со Европската унија, за разлика од Македонија која препораката ја имаше добиено уште во 2009 година.

И со последниот Извештај за напредокот на земјава во евроинтеграциските процеси, во поглед на Поглавјето 12, оценувајќи ги завршените активности на Агенцијата за храна и ветеринарство за 2018 и првата половита на 2019 година, ЕК даде одлична оценка и го потврди доброто ниво на усогласеност на националните политики на земјава од областа на безбедноста на храната и благосостојбата на животните. Со ваквата оценка на Комисијата, Агенцијата за храна и ветеринарство се вброи меѓу петте институции во државава, кои со последниот Извештај на ЕК,  добија највисока оценка за напредокот во евро - интегративните процеси.

 

АХВ подготвена за отворање на Поглавјето 12


 

Ознаки
Категорија