Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Позитивно оценет Системот за квалитет во АХВ

24.02.2020
Позитивно оценет Системот за квалитет во АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби позитивна оценка за документираниот Системот за менаџмент на квалитет и неговата функционалност во рамките на сите процеси и услуги кои се реализираат во Агенцијата, од страна на аудиторите од сертификациското тело MQS, регионален парнер на Австриското национално сертификационо тело QualityAustria за Македонија, по што е продолжен за користење сертификатот за квалитет.

Во АХВ беше спроведена втората редовна проверка на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015, при што беа проверувани реализацијата на услуги по сектори и одделенија, процесот на лидерство и посветеност на врвното раководство, контекстот на агенцијата, документираните информации, процесите на следење, мерење, анализа и евалуација, како и континуирано подобрување на Агенцијата.

Од страна на сертификациското тело беше изразено огромно задоволство во поглед на целокупното одржување и документирање на системот, како и за посветеноста на врвното раководство за континуирано подобрување на системот. Беше истакнато дека системот постојано се подобрува од година во година преку следење на сите препораки дадени во текот на проверките во изминатите години.

 

Позитивно оценет Системот за квалитет во АХВ

 

Агенцијата за храна и ветеринарство е прва државна институција ресертифицирана по стандардот ISO 9001:2015 за управување со квалитет, што претставува значаен меѓународен сертификат за управување со квалитетот во организацијата.

Придобивките од воведувањето на стандардот ISO 9001:2015 во работењето се од големо значење за Агенцијата за храна и ветеринарство, бидејќи тоа придонесува институцијата од година во година да добива додадена вредност во однос на квалитетот на услугите што ги нуди. Со имплементацијата на стандардот  за квалитет во Агенцијата, се воспостави системска контрола, се со цел со ефикасно и ефективно работење да бидат задоволени потребите и очекувањата на бизнис операторите и на граѓаните, кои се корисници на услуги на Агенцијата.
 

Ознаки
Категорија