Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Се трасира и патот за извоз на производи од месо во САД

22.01.2020
Работна средба со УКА Комерц

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со одржување работни состаноци со операторите со храна на кои претставниците од компаниите подетално го запознаваат со своето работење, новините, но и пречките со кои се соочуваат во текот на својата работа. Во таа насока, директорот Атанасов денес оствари средба со менаџерскиот тим на Ука Комерц, фамилијарна компанија која е основана во 1991 година и чија основна дејност е производство и ставање во промет на сувомеснати производи.

За време на состанокот, сопственикот на Ука Комерц, г-дин Адем Абази, го изрази своето задоволство од несебичната соработка и поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство во исполнувањето на мисијата на компанијата односно обезбедување највисок квалитет на сопствените производи и одржување на довербата на потрошувачите на домашниот но и меѓународниот пазар. Компанијата произведува широка палета сувомесни производи од говедско и пилешко месо, согласно сите меѓународни стандарди за квалитет и безбедност (ISO 9001 и HACCP, HALAL), користи модерна и современа технологија, а сето тоа е заокружено со ангажиран високо-квалификуван персонал.

 

Работна средба со УКА Комерц - 2

 

Успешната соработка со бизнис секторот, стручноста на вработените и посветеноста на работата и заложбите како на тимот на Агенцијата за храна и ветеринарство, така и на самите компании, неодaмна уште еднаш се докажа дека резултира со успех не само на национално ниво туку и на меѓународен план. Од неодамна Ука Комерц е уште една компанија на листата на објекти која е одобрена за ставање на своите производи на пазарот на Европската унија.

На барање на бизнис заедницата во Република Северна Македонија во областа на месната индустрија, меѓу кои е и Ука Комерц, Агенцијата за храна и ветеринарство воспостави комуникација со надлежните служби во Соединетите Американски Држави во насока на усогласување на законските барања за увоз на производи од месо на пазарот на САД. Директорот Атанасов го искористи денешниот состанок да го информира менаџерскиот тим на Ука Комерц дека активностите за усогласување на националното законодавство со барањата за увоз во САД се во напредна фаза, а по нивно финализирање операторите ќе бидат детално запознаени со постапката на одобрување и извоз на производите од месо на пазарот на САД.

 

Работна средба со УКА Комерц - 3

 

На крајот на состанокот директорот Атанасов и г-дин Абази ги изразија своите намери и посветеност за продолжување и продлабочување на соработката во насока на исполнување на очекувањата и барањата на домашните потрошувачи, но и со цел признаеност и препознатливост на квалитетот на производите на меѓународниот пазар.
 

 

Ознаки
Категорија