Повеќе од 57 тони небезбедна храна уништиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ ) и операторите со храна во октомври годинава. Во рамки на вкупно извршените 5.456 инспекциски надзори (3.766 редовни, 493 вонредни и 1.197 вонредни), за констатираните недоследности изречени биле 871 инспекциски мерки, односно, донесени се 586 решенија, изречени 261 мерка едукација, како и 5 парични казни. Од страна на инспекциските служби на АХВ во октомври изречени биле и 5 прекршочни пријави.
Како небезбедни, забранети за увоз во земјава биле 6 пратки со храна со вкупна тежина од 74.460 килограми храна, од кои 3 пратки со 50.404 килограми храна од неживотинско и исто толку пратки со 24.056 килограми храна од животинско потекло. Во истиот временски период, нема поништени пратки храна од увоз.
Во истиот временски период издадени биле и 304 сертификати за извоз на храна од животинско и 285 сертификати за храна од неживотинско потекло.