Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Демант

12.08.2019
Демант

Собирање  на ситни политички поени преку злоупотреба  на народот и непотребно кревање на паника е  денешната прес - конференција на Цветан Трипуновски од Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, партија која и овој пат, во недостиг на идеи како да го ,,анимира,, народот, ја манипулира јавноста, непотребно се обидува да влее страв преку лиферување на лажни информации. Агенцијата за храна и ветеринарство е одговорна институција болеста за која денес  ВМРО ДПМНЕ непотребно создава паника не е новост во нашата земја и за неа согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните  се врши превентивна вакцинација во дистриктите ( места каде се преземаат посебни мерки за сузбивање и искоренување на оваа болест со задолжителна вакцинација на животните во наредните 20 години). Во последните десет години болеста антракс е дијагностицирана во државата во 2009 година во Велес и 2015 година во село Раович, Сарај.

По однос на овој случај  селото Долно Строгомиште во Кичевско, навреме се преземени сите потребни мерки за справување со болеста.
Угинатите животни под надзор на официјален ветеринар се спалени и нештетно отстранети, во фармата е извршено темелно чистење и дезинфекција. Донесена е и  забрана за влез и излез на животни од и во одгледувалиштето.

Ја информираме јавноста дека засега болеста е детектирана само кај едно одгледувалиште. Соседните одгледувалишта се ставени под надзор на официјален ветеринар.  

Нагласуваме дека заболени луѓе од антракс нема!
Нови случаеви на појава на болеста кај добитокот нема.
Одржан е итен соостанок на Комисијата за заразни болсети при Министерството за здравство, спроведени се и епидемиолошко испитување за утврдување на можниот извор на заразата, а се врши и едукација на населението од ова населено место.

Се спроведува интерна постапка за утврдување на почитување на пропишаните процедури во случај на појава на зоонозни болести кај животните.
Наредена е мерка спроведување на вакцинација кај добитокот против болеста Антракс во оваа населено место.

Како одговорна институција, апелираме ваквите состојби да не се злоупотребуваат и користат во политички цели, непотребно да не се менипулира и злоупотребува народот, туку да се верува на институциите кои се грижат за заштита и на здравјето на граѓаните и на животните.


Со почит, 
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија 
 

Ознаки
Категорија