Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

МЗШВ донесе Решение со кое се одобрува отстрел на дивите свињи

30.07.2019
МЗШВ  донесе Решение со кое се одобрува отстрел на дивите свињи

Поради опасност од болеста „африканска чума“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво донесе Решение со кое се одобрува отстрел на дивите свињи во земјава. Како што соопшти на денешната прес конференција министерот за земјоделство, шумарство и водстопанство Трајан Димковски, со оваа превентивна мерка почнува и ловната сезона, 60 дена пред рокот утврден со закон.

 

 

– Целта е да се намали бројот на диви свињи со што би се минимизирале шансите за појава и ширење на болеста која е веќе присутна во Бугарија. МЗШВ до Владата ќе предложи усвојување и други мерки, како забрана за населување на дивата свиња во ловиштата согласно развојните програми, но и забрана за нејзино зимско прихранување, рече Димковски.

 

Фирус Мемед, заменик директор на Агенција за храна и ветеринарство упати апел до граѓаните кои патуваат поради периодот на годишни одмори, при враќање во земјава, во личниот багаж да не носат храна од животинско потекло. Да се почитува забраната и одгледувачите на свињи во селските домаќинства да не ги чуваат свињите на отворено, односно да не ги пуштаат на паша, ловџиите, ловните друштва, шумарските работници и собирачите на шумски плодови до официјалните ветеринари или до најблиското ветеринарно друштво, да го пријават секое угинување на диви свињи кое ќе го забележат – истакна Мемед.

Тој посочи и ветеринарните друштва будно да ја следат здравствената состојба на свињите и до официјалните ветеринари да го пријават секој сомнеж за појава на оваа болест.

 

-Апелираме до сите концесионери и ловци крајно сериозно да ја сфатат опасноста од оваа болест и да се приклучат во реализирање на превентивните мерки за заштита, порача претседателот на Ловечката федерација Влатко Алексовски.

 

Според проценките, во земјава има околу 8.000 диви свињи, рамномерно распространети на целата територија. Последниве 20 години бројот на единки е удвоен. Со дозволеното заловување, нема да се оди на биолошки минимум зашто дивите свињи, како што беше речено на прес-конференцијата, се добро од општ интерес како и останатите видови дивеч.

Се уште не е дефинирано како ќе се реализира организираниот отстрел од страна на ловечките друштва, но веројатно најпрво ќе се почне од граничните појаси со Србија и Бугарија.
 

Ознаки
Категорија