Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Презентирани новините во законските измени за ветеринарно медицински препарати

22.03.2019
Презентирани новините во законските измени за ветеринарно медицински препарати

Претставници од веледрогериите за ветеринарно медицински препарати и од Ветеринарната комора, денес беа дел од работниот состанок кој се одржа во Агенцијата за храна и ветеринарство. Стручни лица од Агенцијата ги објаснија новините од измените и дополнувањата на Законот за ветеринарно медицински препарати, а презентирани и доставени беа и новите водичи на системот за ветеринарно фармаколошка внимателност (Фармаковигиланца), за следливост на ветеринарно - медицинските препарати во целиот синџир на нивното ставање во промет и употреба и за одговорна употреба на антимикробните средства во ветеринарната медицина. Како што беше истакнато на состанокот, новите законски решенија во областа на ветеринарно – медицинските препарати се во насока на воведување на поедноставни процедури за добивање одобренија за увоз и ставање во промет на ветеринарно – медицински препарати и намалување на трошоците за одобрување на одредена категорија на лекови кои се користат во ветеринарната медицина. Основата на новите измени и дополнувања на Законот за ветеринарно медицински препарати се однесува на зајакнување на контролата на увоз, ставање во промет и употребата на ветеринарно медицинските препарати.

Обврската за зајакнување на следливоста на увозот, ставањето во промет и употребата на лековите во ветеринарството налага и потреба од креирање на нов, информациски систем каде ќе бидат вклучени и веледрогериите кои ќе треба да го евидентираат секој увоз и ставање во промет на ветеринарно - медицински препарати, а ветеринарните друштва, со измените и дополнувањата на Законот ќе бидат задолжени да ги евидентираат сите третмани на животните и употребата на ветеринарно медицинските препарати. Овој систем, во иднина ќе се поврзе со новата електронска платформа која наскоро треба да ја направи Ветеринарната комора. 

Ефикасноста на електронскиот систем на податоци како национален центар за информирање за ветринарно – медицинските препарати треба да даде јасна слика за количината на увезените лекови, нивната продажба и употребата од страна на ветеринарните друштва и ќе биде платформа преку која ќе се собираат и испраќаат податоци до релевантните меѓународни организации како што се Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ и Европската агенција за безбедност на храната - ЕФСА, бидејќи во последно време, се поактуелни се нивните барања за доставување на податоци за употребата на лековите во ветеринарната медицина, особено на антибиотиците.

Новите законски измени ја дефинираат и правната рамка за увоз и ставање во промет на ветеринарно медицинските препарати ја уредуваат трговијата со ветеринарни лекови, со акцент на тоа кој може да биде вклучен во трговијата со ветеринарни лекови преку интернет. Агенцијата за храна и ветеринарство, беше истакнато на состанокот, со новите законски решенија, има обврска еднаш годишно да ја креира и објавува есенцијалната листа на ветеринарни лекови кои ветеринарните друштва кои имаат склучено договори со Агенцијата за вршење на активности од јавен интерес, ќе треба да ги поседуваат во секој момент. Новиот закон во областа на ветеринарните лекови е основа и за зајакнување на инспекциските контроли и спречувањето на евентуален увоз и продажба на фалсификувани или неодобрени ветеринарно – медицински препарати на македонскиот пазар.

Категорија