Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Квалитет на храна од животинско потекло

Мониторингот на квалитетот на храната од животинско потекло се врши заради утврдување на степенот на исполнување на барањата за квалитет на храната од животинско потекло како и согласност со декларацијата на самиот производутврдена од страна на операторите со храна од животинско потекло. 

Мониторингот се врши во сите фази на ланецот на производство и промет на хранатавклучувајќи ја и храната од увоз.

Мониторингот од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство се спроведува при вршењето на официјалните контроли на квалитетот на храната од животинско потекло, при што се земат мостри од објектите за преработка на храната одживотинско потекло и/или од малопродажба, за лабораториско испитување на:

  1. млеко и производи од млеко,
  2. месо, мелено месо и производи од месо, 
  3. мед.

Законодавство:

Закон за квалитетот на земјоделските производи (Сл. весник на РМ бр. 140/2010, 53/2011, 22/2012, 106/2013, 116/2015, 149/2015, 193/2015);

  • Правилник за барања за квалитетот на суровото млеко, стандардите за квалитет на конзумното млеко, млечните производи и употребата на нивните називи, квалитетот и активноста на стартер културите, сирилата и други специфични материи и начинот на нивна употреба, начинот на дополнително означување на млекото и млечните производи како и дозволеното отстапување на тежината во однос на декларираната („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/2011).,
  • Правилникот за барањата во однос на квалитетот на мелено месо, подготовки од месо и производи од месо („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 63/2013).,
  • Правилникот за стандардите и начинот на одредување на квалитетот и начинот на пакување и означување на производите од пчели по однос на квалитетот („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68/2011),- 
  • Правилник за информации поврзани со храната („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/2015),
  • Годишна наредба за извршување на ветеринарните мерки и контроли за заштита на јавното здравство од контаминенти или резидуи кои се пренесуваат од животни или производи од животинско потекло.