“Несилки” се кокошки од видот Gallus gallus кои ја имаат достигнато зрелоста за несење и се чуваат за производство на јајца кои не се наменети за ведење
Во зависност од начинот на кој се држат кокошките несилки, сопственикот и/или одгледувачот на кокошките несилки покрај општите услови утврдени со овој закон треба да ги применува и посебните услови за следниве системи:
1) алтернативен систем;
2) основен кафезен систем и
3) подобрен кафезен систем
Изградба на нови основни кафезни системи не е дозволено по денот на започнувањето со примената на Законот за заштита и благосостојба на животните односно од 1 jануари 2008 година.
Новоизградените, односно објектите кои се ставаат во употреба за чување кокошки несилки со денот на отпочнување со примена на Законот за заштита и благосостојба на животните треба да бидат во согласност со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.
При држење на кокошки несилки, сопствениците и или одгледувачите покрај општите одредби пропишани во членовите 5, 6 и 7 од Законот за заштита и благосостојба на животните и општите услови пропишани во членот 2 од Правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни треба да ги исполнуваат и посебните одредби пропишани во членот 11 од Законот за заштита и благосостојба на животните и членовите 18, 19, 20, 21, 22 и 23 од правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни
Законот за заштита и благосостојба на животните може да го превземете тука
Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните може да го превземете тука
Правилникот за условите и начините за заштита на фармските животни може да го превземете тука