Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Соработка----EFSA FOCAL POINT

08.06.2026
Насловна слика

Во рамки на активностите за зајакнување на соработката со Европската Агенција за
безбедност на храната (ЕФСА), се одржа работен состанок со Барбара Галани,
Раководител на одделот за комуникации и партнерства на ЕФСА, на кој учествуваа
претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, вклучени во процесот на
собирање, обработка и доставување на податоци до ЕФСА.

Слика
Целта на состанокот беше размена на искуства и добри практики, како и разгледување
на можностите за понатамошно унапредување на квалитетот, навременоста и
усогласеноста на податоците што се доставуваат до европските системи за проценка
на ризик. Учесниците дискутираа за важноста на научно заснованите податоци во
поддршка на процесите за донесување одлуки во областа на безбедноста на храната,
здравјето на животните и здравјето на растенијата.
На состанокот беше истакнато дека Северна Македонија е единствена земја од ИПА
регионот која континуирано доставува податоци во шест различни мрежи на ЕФСА.
Преку ангажманот на вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство и другите
институции, земјата обезбедува податоци во повеќе области, вклучувајќи зоонози,
антимикробна отпорност, контаминенти во храната, резидуи од фармаколошки
активни супстанции, резидуи од пестициди, потрошувачка на храна и други категории
на податоци кои се користат при подготовка на европски научни мислења, проценки на
ризик и годишни извештаи на ЕФСА.
Овој значаен придонес ја потврдува посветеноста на Агенцијата за храна и
ветеринарство кон развојот на ефикасен систем за управување со податоци и нивната
активна улога во европската мрежа за безбедност на храната. Состанокот заврши со
заедничка заложба за натамошно продлабочување на соработката, размена на
знаења и јакнење на капацитетите за генерирање и доставување квалитетни податоци
од значење за заштита на здравјето на потрошувачите во Европа.

Ознаки
Категорија

Соопштенија


 

Известувања

 

Состаноци на научни мрежи на EFSA

  • 2019
  • 2018