Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево.
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 3 до 5 ноември 2025 година во Скопје се одржа Експертска мисија за имплементација на законодавството на ЕУ со националното законодавство во врска со рециклирани производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна.
Енергетскиот пијалок не смее да се меша со алкохол, забрането е да го консумираат деца и млади луѓе до 18 години возраст, како и лица преосетливи на кофеин, беше потенцирано на работилницата за едукација на учениците од скопската гимназија Георги Димитров
Под мотото “Рака за рака за подобра храна и подобра иднина”, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот кој го организараше Организацијата за земјоделство и храна  на Обединетите Нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври- Светски ден на храната.
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава.
Употребата на енергетски пијалоци меѓу учениците значително е зголемена бидејќи со нивната конзумација тие имаат повеќе енергија и моментално ја подобрува нивната концентрацијата, но на долг рок овие пијалоци можат да предизвикаат сериозни  здравствени последици.
Агенцијата за храна и ветеринарство оваа година се приклучи на 19-тиот Светски ден на беснило - 28 септември. Овогодинешното мото „Делувајте сега: вие, јас, заедниците“ Ве повикува вас, мене и нашите заедници да преземеме одговорност, да работиме заедно и да поттикнеме вистински промени.
Заменик директорот на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ), Фадил Асани, учествуваше  на 21 манифестација - Денови на македонскиот мед, која од денес до недела ќе се одржува во центарот на Скопје на улица Македонија. Организатор на манифестацијата е пчеларското здружение Матица од Скопје.
Учество на првата GF-TADs Регионална конференција на постојани групи на експерти за приоритетни прекугранични болести кај животните во Европскиот регион во Белград
Станува збор за инвестиција вредна 115 милиони евра која ќе отвори 230 нови работни места, како и многу можности за домашните компании и земјоделци да станат дел од синџирот на Лидл.