Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Соработка----EFSA FOCAL POINT

08.06.2026
Насловна слика

Во рамки на активностите за зајакнување на соработката со Европската Агенција за
безбедност на храната (ЕФСА), се одржа работен состанок со Барбара Галани,
Раководител на одделот за комуникации и партнерства на ЕФСА, на кој учествуваа
претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, вклучени во процесот на
собирање, обработка и доставување на податоци до ЕФСА.

Слика
Целта на состанокот беше размена на искуства и добри практики, како и разгледување
на можностите за понатамошно унапредување на квалитетот, навременоста и
усогласеноста на податоците што се доставуваат до европските системи за проценка
на ризик. Учесниците дискутираа за важноста на научно заснованите податоци во
поддршка на процесите за донесување одлуки во областа на безбедноста на храната,
здравјето на животните и здравјето на растенијата.
На состанокот беше истакнато дека Северна Македонија е единствена земја од ИПА
регионот која континуирано доставува податоци во шест различни мрежи на ЕФСА.
Преку ангажманот на вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство и другите
институции, земјата обезбедува податоци во повеќе области, вклучувајќи зоонози,
антимикробна отпорност, контаминенти во храната, резидуи од фармаколошки
активни супстанции, резидуи од пестициди, потрошувачка на храна и други категории
на податоци кои се користат при подготовка на европски научни мислења, проценки на
ризик и годишни извештаи на ЕФСА.
Овој значаен придонес ја потврдува посветеноста на Агенцијата за храна и
ветеринарство кон развојот на ефикасен систем за управување со податоци и нивната
активна улога во европската мрежа за безбедност на храната. Состанокот заврши со
заедничка заложба за натамошно продлабочување на соработката, размена на
знаења и јакнење на капацитетите за генерирање и доставување квалитетни податоци
од значење за заштита на здравјето на потрошувачите во Европа.

Ознаки
Категорија

Соопштенија

  • Второто Собрание за истражување на проценка на ризик достапно за учество и преку web streaming

    06.12.2022
    По првото и инаугуративно Собрание за истражување на проценка на ризик (Risk Assessment Research Assembly – RARA) кое Европската агенција за безбедност на храна го организираше во 2018 година, на 07 декември 2022 година се организира вториот RARA настан кој се одржува во Берлин, Германија.
  • Науката на дланка

    23.11.2022
    Европската агенција за безбедност на храна започна со објавување серија интервјуа во кои се разговара за теми поврзани со безбедност на храната а кои произлегуваат од истражувањето “Евро-барометар” спроведено на ниво на земји членки на Европската унија во 2022 година.
  • Бабовски учесник на 85 Советодавен форум на ЕФСА

    26.10.2022
    Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, вчера и денес во Прага, Република Чешка, учествува на 85 состанок на Советодавниот форум на Европската Агенција за безбедност на храната – EFSA на кој беа разгледани  голем број теми од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните.
  • Повеќе простор, пониски температури, пократки патувања

    09.09.2022
    Според препораките објавени од Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), обезбедување повеќе простор, намалување на максималните температури и одржување на времето на патување на минимум се потребни за да се подобри благосостојбата на фармските животни за време на транспортот.
  • АХВ носител на националните активности на кампањата на ЕФСА за африканската чума кај свињите

    27.07.2022
    Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) во соработка со надлежните органи на земјите во фокус (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Косово, Латвија, Литванија, Црна Гора, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија) започна со спроведување на третата фаза од кампањата за подигнување на јавната свест за болеста Африканска чума кај свињите (АЧС).

 

Известувања

 

Состаноци на научни мрежи на EFSA

  • 2019
  • 2018