Годишниот план за мониторинг на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло е наменет за набљудување и откривање на причините за ризиците од појава на резидуи во храната од животинско потекло на ниво на фарма (одгледувалиште), во кланици, млекарници, во објекти за одгледување и преработка на риби, во центари за собирање и пакување на јајца и мед, како и кај дивеч од ловишта.
Годишниот план за мониторинг на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло се спроведува во Република Северна Македонија од 2002 година со стапување на сила на Правилникот за ветеринарно - санитарни прегледи, контрола и евиденција за резидуи од одредни супстанции во суровини, живи животни и производи од животинско потекло објавено во “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 08/02.
Целта на Годишниот план за мониторинг на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло е утврдување на присуството на резидуи и супстанции наведени во Прилог I од Правилникот за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на резидуи и недозволени супстанции (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 80/11) во живи животни, нивните екскременти, телесни течности и ткива, храна за животни и вода за пиење и примарни производи од животинско потекло, преку:
- утврдување на недозволено администрирање на неодобрени супстанции и недозволено администрирање на одобрени супстанции;
- контрола на усогласеноста со максимално дозволени нивоа на резидуи од ветеринарно - медицински препарати и други производи, максимални нивоа на пестициди и мониторинг на концентрацијата на контаминентите од природната средина;
- набљудување и откривање на причините за присуство на резидуи во храна од животинско потекло, превземање на корективни мерки како и транспарентност на резултатите.
Селекцијата на фармаколошки активни супстанции кои ќе бидат вклучени во Годишниот план за мониторинг на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло, се врши согласно:
- Прилог I од Правилникот за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на резидуи и недозволени супстанции;
- Листата на фармаколошки супстанции одобрени за употреба во ветеринарната медицина;
- Списокот на ветеринарно - медицински препарати за кои е дадено решение за одобрение за ставање во промет;
- Решението за забрана за производство, увоз, поседување, продажба, снабдување и/или употреба на одредени видови ветеринарно - медицински препарати;
- Правилникот за општите барања за безбедност на храната;
- Правилникот за општите барања за безбедност на храната во однос на максималните нивоа на одделни контаминенти;
- Правилникот за општите барања за безбедност на храната во однос на максимално дозволените нивоа на резидуи од пестициди во или врз храната и
- Правилникот за условите за ставање во промет на медицирана храна за животни, формата и содржината на ветеринарниот рецепт за медицирана храна за животни и начинот на негово издавање.
Законски и подзаконски акти
- Закон за безбедност на храна („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18)
- Правилник за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на резидуи и недозволени супстанции (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 80/11)
- Годишен план за мониторинг на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло
- Програма за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство
Извештај од спроведувањето на Годишниот план за мониторинг на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло
- Извештај од спроведувањето на Годишниот план за мониторинг на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло за 2021 година
- Извештај од спроведувањето на Годишниот план за мониторинг на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло за 2022 година
- Извештај од спроведувањето на Годишниот план за мониторинг на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, производи и суровини од животинско потекло за 2023 година