АХВ донесе Решение за безбедносни мерки во однос на болеста Чума кај малите преживари
Врз основа на член 55 става 3 и 6, точка 2 од Законот за ветеринарно здравство, поради неповолната епидемиолошка состојба со болеста Чума кај малите преживари која е потврдена во Република Грција и заради ризикот од проширување на болеста во земјава, Директорот на Агенција за храна и ветеринарство донесе Решение за безбедносни мерки во однос на оваа болест.