ЕФСА:Собрание за истражување на проценка на ризик

02.11.2017
На 7 февруари 2018 година во Утрехт, Холандија, Европската Агенција за Безбедност на Храна (EFSA) организира Собрание за истражување на проценка на ризик (RARA). Собранието е предвидено да се одржи како динамичен и интерактивен настан на кој експертите од EFSA и претставниците на националните истражувачи институции ќе имаат можност да дискутирааат на тема “Проценка на ризик во однос на безбедност на храната” и учесниците ќе имаат можност своите идеи да ги претстават во вид на постер или кратка презентација.

И во 2018 година поддршка од ЕУ за справување со болеста Јазлеста кожа

27.10.2017
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби потврда дека и во 2018 година, Европската унија, парично или со вакцини, ќе ја поддржи Република Северна Македонија во преземање на активностите за справување со болеста Јазлеста кожа. Потврдата за поддршка од Унијата, АХВ ја доби на петтиот работен состанок на Постојаната експертска група за Јазлеста кожа за Југоисточна Европа, кој минатата недела се одржа во Будва, Република Црна Гора на кој присуствуваа експерти од Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, oрганизацијата за земјоделство и храна при Обединетите Нации – ФАО, сите земји од регионот, земји членки на ЕУ кои граничат со регионот, како и претставници од Турција, Украина и Русија.

Граѓаните јадат безбедно месо без антибиотици и хормони

19.10.2017
Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите во текстот ,,Состојбата е алармантна! Заштитете се себе си и вашите деца: Еве како да препознаете дали месото е полно со антибиотици и хормони” објавено на интернет порталот www.skopje24.mk, а преземено од неколку други интернет изданија во кој неодговорно се тврди дека граѓаните јадат месо полно со антибиотици, хормони и адитиви.

АХВ ги одбележа Светскиот ден на храната и Меѓународниот ден на борба против гладтта

17.10.2017
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) и Црвениот крст во Веро Центар во Скопје, во саботата ги одбележаа 16 Октомври, Светскиот ден на храната и 17 Октомври - Светскиот ден на борба против гладта, со промоција а храна на штандови и делење брошури за едукација на граѓаните.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео