Со овој проект се предвидува обезбедување на техничка помош за Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот Земјоделски Инспекторат и Фитосанитарна Управа со цел подобрување на нивните капацитети во имплементацијата на ЕУ законодавството, како и обврските од Претпристапното партнерство, со посебен осврт кон подобрување на нивните инспекциски служби, безбедност на храната и храната за животни, контрола на болести кај животните и нивната благосостојба, здравјето на растенијата, производи за заштита на растенијата, контрола на ветеринарно-медицински препарати, зајакнување на контролата при увоз на гранични премини, како и подобрување на внатрешниот аудит и контрола.
За постигнување на претходно споменатите цели се предвидува:
- Изградба на објекти за потребите на инспекциските служби на АХВ и ДИЗ на граничен премин Блаце, со целосно нивно опремување;
- Вакцинација на лисиците против беснило, мониторинг и евалуација на спроведената кампања;
- Понатамошна транспозиција на ЕУ законодавството и изготвување на оперативни процедури за негова имплементација;
- Зајакнување на капацитетите на инспекциските служби на надлежните органи одговорни за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика;
- Воспоставување на систем за собирање, обработка и анализа на податоци од извршените официјалните контроли, како и податоци од мониторинг програмите;
- Зајакнување на системот за внатрешна контрола и аудит;
- Обезбедување на специфична опрема за спроведување на официјални контроли.
Сите погоре наведени цели ќе се реализираат преку неколку договори и тоа:
1. Договор за градба на ГП Блаце;
Поради доставување на понуди со далеку повисока цена од предвидената во проектното фише, не дојде до потпишување на овој договор.
2. Рамковен договор за надзор на договорот за градба;
Поради поврзаност на овој договор со Договорот за градба, не дојде до потпишување на овој договор
3. Договор за набавка на опрема;
Поради неправилност во тендерската постапка, не дојде од потпишување на овој договор.
4. Договор за набавка на вакцини против болеста беснило
Со овој договор склучен со компанијата IDT Biologika GmbH- Germany (Договор бр.09-2958/1) во вредност од 1.475.000 ЕУР и се набавија 2.500.000 вакцинални мамци со цел вакцинација на дивите животни против болеста беснило на целата територија на Р.Македонија. Вакцинацијата се имплементираше преку пет последователни вакцинални кампањи и тоа есенски кампањи 2012, 2013 и 2014 година и пролетни кампањи 2013 и 2014 година.
5. Договор за Твининг.
Твининг договорот Institutional strengthening of the capacities of Competent Authorities for implementation of the acquis for food safety, veterinary and phytosanitary policy (MK10/IB/AG/01) е имплементиран во соработка со италијанскиот твининг партнер (Ministry of Agriculture, Food and Forestry Policy и Institute Zoo-prophylactic of Umbria and Marche Regions). Договорот се потпиша на 28.11.2014 година со период на имплементација од 24 месеци и вкупна вредност од 1.348.000 ЕУР.
Компоненти и активности на договорот се следни:
Компонента 1- Подобрување на административните и оперативните капацитети на АХВ со цел обезбедување ефикасно спроведување на легислативата.
Активност 1.1 Подобрување на легислативата во однос на безбедност на храна и ветеринарна политика согласно ЕУ регулативата;
Активност 1.2 Ефективна имплементација на мониторинг/надзор програми за безбедност на храна и ветеринарна политика базирани на претходна сектор анализа;
Активност 1.3 Студиска посета во земја членка во делот на здравствена заштита на животни и безбедност на храна.
Компонента 2- Зајакнување на капацитетите за ветеринарни прашања на централно ниво и инспекциските служби, како и имплементација на хигиенски стандарди во примарно производство на храна од животинско потекло
Активност 2.1 Зајакнување на контролните капацитети поврзани со болести кај животните во земјата;
Активност 2.2 Воспоставување на биосигурносни мерки;
Активност 2.3 Поддршка во имплементација на хигиенски стандарди во примарно производство на храна од животинско потекло;
Активност 2.4 Студиска посета на земја членка во областа на здравствена заштиа кај животните и безбедност на храна.
Компонента 3- Понатамошно подобрување на фитосанитарниот систем во земјата
Активност 3.1 Зајакнување на фитосанитарните инспекциски служби на граничен премин;
Активност 3.2 Зајакнување на капацитетите за здравсвтена заштита на растенија и контрола на производи за заштита на растенија;
Активност 3.3 Воспоставување на фитосанитарен информациски систем;
Активност 3.4 Студиска посета во земја членка во областа на фитосанитарниот сектор.
Компонента 4- Подобрување на одржливоста на капацитетите: тренинг и споделување на информации
Активност 4.1 Спроведување на анализа за потреби за тренинг на вработените во АХВ и МЗШВ и извештај за потребните способности за дисеминација на информации до крајните корисници и други засегнати страни;
Активност 4.2 Подготовка на тренинг материјали и спроведување на најмалку 9 обуки за вработени во АХВ и МЗШВ во делот на здравствена заштита на животни, безбедност на храна и фитосанитарна политика;
Активност 4.3 Стратегија за информациска кампања и организација на најмалку 5 семинари/работилници/конференции со цел пренос на најдобрите практитки кон крајните корисници и засегнати страни.