Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-динот Николче Бабовски, денес во Битола оствари два работни состаноци и тоа со деканот на ветеринарниот факултет во Битола, проф. д-р Никола Караболовски, и со директорот на средното земјоделско училиште, г-дин Благојче Кривевски.
Во рамките на овие две посети, г-дин Бабовски со своите домаќни разговараше за капацитетите на двете образовни институции и беа разменети искуства од областа на образованието и земјоделството.
Посебен акцент се стави на можностите за унапредување на програмите за практичната настава на учениците односно студентите со цел нивна соодветна квалификација по завршување на образованието заради полесно интегрирање во секторите земјоделство и ветеринарна наука.