Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Европската агенција за безбедност на храна објави повик да доставување абстракти за 25тиот научен колоквиум на ЕФСА под наслов "Координиран пристап да проценка на ризиците по јавното здравје кои може да произлезат од микро и нанопластика во храна ".
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и првите луѓе на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и Николче Бабовски од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денес во битолското село Логоварди направија обиколка на објектот каде во карантин се чуваат 159 јуници набавени преку мерката 1.2.1 од Програмата за рурален развој.
По новиот случај на потврдено присуство на болеста африканска свинска чума кај заловена дива свиња во реонот на Благоевград во соседна Бугарија, која од страна на бугарските ветеринарни власти била пријавена во Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ на 17 овој месец, со цел спречување на појава и ширење на болеста и во нашата земја, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги потсетува одгледувачите на свињи, ловните друштва и граѓаните да се почитуваат донесените решија за  спроведување на заштитни мерки кои ги пропиша Агенцијата, бидејќи опасност од појава на болеста се уште постои.
Во близина на прилепското село Славеј денеска беше поставен камен-темелник на земјоделско - сточарскиот комплекс „Голд ленд“, наменет за примарна обработка на земјоделски производи, во чии рамки ќе биде изградена и современа фарма на говеда со годишен капацитет од преку 1.000 грла
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов, денес одржа работен состанок со Игор Маниќ, директор на компанијата “Подравка” во Република Северна Македонија. На состанокот Маниќ изрази задоволство од досегашната транспарентна и ефикасна соработка со Агенцијата и иницираше соработка за размена на искуства меѓу бизнис заедницата и администрацијата на полето на примена на најсовремените технологии  во производството на храна и консултација на бизнис секторот при имплементирање на новите европски регулативи од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните во националното законодавство.
Агенцијата за храна и ветеринарство се приклучи на денешната еко акција во која државната администрација заедно со граѓанското здружение „Не биди ѓубре“  го чистеше главниот град  Скопје. Вработените од Агенцијата со неколку други државни институции ја чистеше околината на месноста Јурија во скопскта општина Ѓорче Петров.

Повеќе од 57 тони небезбедна храна уништиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветерин

Да водам сметка за тоа како се хранам, значи да се грижам на сопственото здравје, за самиот себе. За жал, не го правиме тоа, иако информациите се достапни за нас. Во ерата на интернетот, делумни се познавањата на нас младите за храна и исхраната, за тоа како здраво и правилно да се храниме, како на најдобар начин да ги задоволиме дневните потреби од храна. Во ова брзо време на живеење, ваквиот тип на едукација и за нас младите е повеќе од потребна” Ова се дел од размислувањата на учениците од неколку средни училишта кои присуствуваа на промоцијата на брошурите за правилна исхрана, труењата со храна и за тоа како да ја читаме и користиме нутритивната табела на етикетите на прехранбените производи, која се одржа во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Секој одговорен сопственик треба да ги микрочипира домашните миленици, а нивното напуштање е казниво со закон. Ова се двете пораки кои од денеска по скопските улици ќе ги пренесува автобусот број „2“ како дел од кампањата за благосостојба на животните што ја спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Автобусот што сообраќа на реалацијата Автокоманда - Сарај е веќе облепен со паролите и така ќе вози низ градот еден месец.
Планот за итни мерки на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за справување со болеста Африканска свинска чума, обезбедува висок степен на заштита и спречување на ширење на болеста, заклучија денес експертите на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, по завршувањето на дводневната симулациска вежба која се одржа во Беровско, а на која се проверуваше функционалноста на Планот и координираноста на институциите и протокот на информации за да се одговори брзо и правилно, при евентуална појава на болеста.