Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Директорите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски и Зоран Атанасов, денеска ја посетија „Фарма Ефремови“ која е корисник на мерката „Млад земјоделец“. Оваа домашна фарма, преку програмата за „Млад земјоделец“ склучи договор со Платежната агенција за искористување максимална поддршка до 10.000 евра за набавка на пет грла назимки, линија за транспорт од млин до силос и од силос до товилиште, линија за сточна храна, како и набавка на силос.
На покана на менаџментот на компанијата МИК Свети Николе, директорот Зоран Атанасов придружен со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство беше во посета на објектот и оствари средба со првите луѓе на компанијата. МИК Свети Николе е компанија со повеќе од 60 години постоење и традиција на производство на полутрајни, трајни и конзервирани производи од месо, а во рамките на својот капацитет има и кланица.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со одржување работни состаноци со операторите со храна на кои претставниците од компаниите подетално го запознаваат со своето работење, новините, но и пречките со кои се соочуваат во текот на својата работа. Во таа насока, директорот Атанасов денес оствари средба со менаџерскиот тим на Ука Комерц, фамилијарна компанија која е основана во 1991 година и чија основна дејност е производство и ставање во промет на сувомеснати производи.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, денес оствари работна средба со првите луѓе на компанијата Пекабеско АД од Скопје, уште една од компаниите чие работење, успех и препознатливост на домашниот и меѓународниот пазар е доказ за професионалната, транспарентна и посветена соработка.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов учествуваше на отворањето на 85 Зелена недела која се одржува од 17 до 26 јануари 2020 година во Берлин, под покровителство на Европската комисија
Агенцијата за храна и ветеринартво преку посветена и транспарентна работа гради партнерски однос со сите засегнати субјекти. Доказ за успешната соработка на Агенцијата со компаниите и засегнатите субјекти се и  меѓународнте успеси. По барање на Агенцијата за храна и ветеринарство, во Јули 2017 година, компанијата МЕТРО беше прва компанија која доби право на извоз во земјите на Европската Унија.
Се зголемува будноста за следење на африканската свинска чума откако вчера се отвори уште едно жариште во Србија, кај Пирот, а пред една недела болеста беше потврдена и во уште четири реони на Бугарија. Во земјава африканска чума нема, но во сила остануваат веќе донесените мерки и забрани, рече на денешната средба со новинарите директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов. Тој нагласи дека опасноста не е помината и дека ќе трае повеќе години.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, оствари средба со претседателот на Ветеринарната комората на Република Северна Македонија, Томислав Николовски, на која се дискутираше за активностите кои треба да се реализираат од страна на ветеринарните друштва оваа година.
Стратешкиот план 2020-2025 година ги претставува мисијата, визијата, целите и мерливите индикатори на Комисијата на Кодекс Алиментариус. Исто така,овој документ го поткрепува високиот приоритет што ФАО и СЗО го даваат на безбедноста и квалитетот на храната и претставува водич за Комисијата во извршувањето на нејзините одговорности и единствен мандат - заштита на здравјето на потрошувачите и обезбедување фер практики во трговијата со храна.