Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата за земјоделство и храна  на Обединетите Нации – ФАО, утре и задутре во Берово, во рамки на проектот “Африканска чума кај свињите – подготвеност и брзо постапување”, ќе одржи симулациска (практична) вежба за тестирање на системот на подготвеност во справувањето со оваа болест.
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Институтот за јавно здравје ја спроведоа четвртата (последна) фаза од истражувањето на навиките во исхраната на деца од 1 до 9 годишна возраст. Проектот се спроведува со поддршка на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) и со него беа опфатени вкупно 1080 дечиња
Во услови на максимално подигнати безбедносни мерки за заштита од појава и ширење на вирусот на болеста африканска свинска чума во нашата земја и интензивирање на активностите на колење на свињи во селските домаќинства, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира оваа активност да се изврши крајно внимателно, со преземање на сите безбедносни мерки пред, за време, по колењето, конфекционирањето и подготовката на месото.
Петстотини евра казна во денарска противвредност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на неодговорен сопственик кој го напуштил својот миленик – куче, во рамки на зајакнатите инспекциски контроли за справување со неодговорните сопственици на миленици.
Од  18 до 24 ноември се одбележува светската недела на свесност за антибиотските средства (World Antibiotic Awareness Week). Целта на оваа кампања е да се подигне свеста за ризиците по здравјето предизвикани од отпорноста кон антибиотици и да се промовираат добри практики, со цел, ограничување на појавата и ширењето на отпорни микроорганизми низ целиот свет.
Се одржа вториот состанок на Управниот Комитет на проектот ,,Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи“
Стручни лица од Агенција за храна и ветеринарство, денес одржаа едукативна работилница со одговорните лица на добиточните пазари на која им беа презентирани законските обврски за уредување на пазарите, начините на евидентирање на влезот и излезот на животните во пазарите и внесување на податоците за движење на животните во Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 11-13 ноември 2019 година во Скопје се одржа Експертска мисија за собирање на податоци во однос на ЕФСА (European Food Safety Authority)
Aгенцијата за храна и ветеринарство апелира до сопствениците на домашни миленици, до крајот на годинава да ја искористат можноста и бесплатно да ги микрочипираат милениците. За оваа намена, АХВ обезбеди 100 илјади микрочипови, како дел од активностите за спроведување на тригодишната Стратегија за благосостојба на животните.
Со одржување на едукативна работилница за одговорно сопствеништво во петокот, од Берово, почна реализацијата на петтата фаза од регионалната кампања “Биди неговиот херој”. Кампањата со поддршка на Светската организација за здравствена заштита на животните  - ОИЕ, партнерски ја реализираат Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина.