Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Меѓународни и национални регулаторни стратегии за борба против измамите со храна

07.04.2022
CODEX

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) во соработка со Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес (University of California, Los Angeles, Resnick Center for Food Law and Policy), објави труд на тема „Меѓународни и национални регулаторни стратегии за борба против измамите со храна“

Овој труд ги истражува различните димензии на измамата со храна. Додека, во моментот на објавување, не постои договорена дефиниција за измама со храна, оваа публикација го следи концептот на измама со храна што се случува кога лицето кое ја врши измамата , намерно ќе го измами потрошувачот за квалитетот и/или содржината на храната што сака да ја купи, а таквиот чин се прави за да се добие предност, најчесто економска, за лицето кое ја врши измамата. 

Ефикасното регулирање на измамите со храна, треба да земе предвид повеќе фактори, вклучително и растот на глобалната трговија на различни видови прехранбени производи и состојки подложни на измама; брзиот напредок во онлајн маркетингот и е-трговијата кои отвораат повеќе можности за измами со храна; проширување на медиумското покривање на скандали со измами со храна; и зголемениот интерес на потрошувачите за автентичноста и интегритетот на храната.

Сложеноста на измамите со храната и разновидноста на регулаторните пристапи претставуваат предизвик за националните влади во нивните обиди да развијат кохерентен и фокусиран пристап кон измамите со храна. За да одговори на предизвикот, овој труд ги обединува достапните меѓународни регулаторни упатства и потенцијалните правни стратегии на национално и регионално ниво. Регулирањето на измамите со храна и изборот и спроведувањето на оптимален правен пристап бара внимателна анализа, ориентација кон процесот и вешта имплементација. Исто така, треба да се разгледаат врските помеѓу измамите со храна и јавното здравје, економските фактори и интересите на потрошувачите. Оптималниот регулаторен пристап, исто така зависи и од видот на правниот систем што постои во одредена земја, постоечката законска и институционална рамка и расположливите ресурси. Пред се, успехот на меѓународните и националните стратегии за борба против измамите со храна зависи од стратешката соработка на сите нивоа на управување и на сите точки долж синџирот за снабдување со храна.